Дома Фудбал Англија За него нема дилеми: Сите знаеме каде ќе заврши Салах, видовме што се случи со Кутињо

За него нема дилеми: Сите знаеме каде ќе заврши Салах, видовме што се случи со Кутињо

Формата на Мохамед Салах е главна тема во Англија, голем број поранешни фудбалери се одлучија да го коментираат неверојатниот „Египќанец“.

Последен кој зборуваше за квалитетите на Салах и неговата иднина е легендата на Арсенал, Јан Рајт.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Според Рајт Ливерпул нема да успее да го задржи Салах во своите редови и тој ќе заврши во Реал Мадрид.

„Салах е фудбалер кој има само 25 години и на највисоко ниво сигурно може да игра уште најмалку пет или шест години. Сепак, проблемот за Ливерпул е дали ќе успее да го задржи во своите редови. Според мене ќе дојде време кога Реал ќе прави ремонт и мислам дека никој не се сомнева дека тој нема да биде дел од нивниот нов проект“.

„Имам голема почит кон навивачите на Ливерпул, но сите видовме што се случи со Кутињо, а тоа го чека и Салах“, изјави Рајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос на натпреварот на Интер Мајами: Навивач влезе на теренот, Меси беше турнат на земја!

Хаотични сцени се случија за време на пријателскиот натпревар што Лионел Меси го одигра со…