Репрезентацијата на Италија беше поразена пред неколку дена од Аргентина со 2:0 во рамки на пријателскиот меч.
Сампаоли одлучи во овој меч да го одмори Лео Меси кој беше сместен на трибините. Тоа го растажи младиот напаѓач на Милан, Патрик Кутроне, кој призна дека по мечот со денови чекал само да го запознае Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога сфатил дека со Меси нема да се сретне на теренот, одлучи по мечот да ги земе работите во свои раце. Кутроне заминал во соблекувалната на Аргентина и на негова среќа успеал да налета на капитенот на Аргентина.
„Фудбалот е таков. Се надевав дека Меси ќе го запознаам на теренот, но се разочарав кога сфатив дека нема да игра. Сепак, по мечот отидов во нивната соблекувална и го запознав. Навистина чувството беше одлично“, истакна италијанскиот репрезентативец.