Meси е веќе на пат за Париз, денес се очекува да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договор со ПСЖ.
Медиумите објавија и дека Аргентинецот го избрал дресот со број 30, но за да ја носи „30-ката“ во Ла Лига Меси ќе мора да добие посебна дозвола од Лига 1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, во Ла Лига броевите „30“, „1“ и „16“ се исклучиво резервирани за голманите.
Во ПСЖ бројот 30 досега го носеше Александар Летелие кој дојде од Орлеан. Останува да видиме дали Лига 1 ќе му дозволи на Меси да игра со бројот 30.
Ќе потсетиме, „10-ката“ во ПСЖ ја носи Нејмар, Бразилецот му ја понудил, но Аргентинецот го одобил тоа.