Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „За Аргентинците Меси е Бог, во Португалија Роналдо го сметаат за крал, а Бразилците го навредуваат Нејмар“

„За Аргентинците Меси е Бог, во Португалија Роналдо го сметаат за крал, а Бразилците го навредуваат Нејмар“

Бразил ја победи Србија со 2:0, а во овој натпревар солиден настап имаше и Нејмар кој пред крајот се повреди.

Нејмар сигурно нема да биде на располагање на Бразил за следните два натпревари во групата, се очекува да се врати во осминафиналето, но не е потврдено.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И покрај добрите настапи за репрезентацијата во последно време Нејмар беше мета на критики од бразилската јавност, посебно кога го поддржа поразениот кандидат за претседател на државата Болсанеро.

„Во Аргентина Меси го третираат како Бог, Роналдо е крал за Португалците, а тука кај нас го навредуваат Нејмар и му посакуваат најлошо. Оваа земја не го заслужува неговиот талент и квалитет“, порача Рафиња.

Следниот натпревар Бразил на СП го игра игра во понеделник против Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Јувентус бара спортски директор, едно име се истакнува

По завршувањето на трансферниот период, кој беше многу добар за Јувентус, во Торино работа…