Тимот на ЖФК Љуботен беше прилично активен во овој период.
Имено, тие за продолжение од сезоната се засилија со шест нвои имиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аѓела Миловановиќ, Сенада Муратовиќ Магдалена Лекоска, Сања Митреска и Бразилките Талија Фаријас и Беатирс Тарантино.
Најмногу се очекува од репрезентативката на БиХ Сенада Муратовиќ и Беатрис Тарантино која носи прекар Роналдиња. Инаку, таа беше првата Бразила која дојде во женскиот фудбал кај нас. Набрзо по неа пристигна и Талија Фаријас. Од друга страна за квалитетите на Сенада Муратовиќ зборува тоа што пред неколку месеци беше пред трансфер во италијанскиот Торино.
Повеќе за Роналдиња дознајте од нашето интервју по објавата дека доаѓа во ЖФК Љуботен – тука.
Очекувањата кај овој клуб во вториот дел од сезоната секако се големи, ќе видиме дали ќе се остварат.