Пандемијата на коронавирусот го парализираше фудбалот и спортот воопшто. Дел од фудбалерите пронаоѓаат начин побрзо да им помине времето, но и испраќаат порака да се почитуваат препораките за сето ова побрзо да помине.
На социјалните мрежи се појави еден предизвик во кој фудбалерите жонглираат со тоалетна хартија. Овој предизвик го практивнуваа и македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Бобан Николов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво новиот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш за кој е познато дека е во одлични односи со Ристовски го номинираше заменик капитенот на македонската репрезентација. Ристовски го прифати предизвикот и го номинираше Николов кој исто така одговори.