Шпанските медиуми после поразот на Реал Мадрид од ПСЖ (3:0) отворено повикуваа на смена на Зинедин Зидан.
Наводно во клубот на големо размислуваат за нов тренер, а Зидан изгледа нема многу време да ја поправи ситуацијата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зидан на клупата на Реал би можел да го наследи Жозе Мурињо. Португалецот сега се огласи оваа тема.
„Би била голема чест да се вратам во Реал Мадрид“, изјави Мурињо, а потоа зборуваше за Зидан и неговата сегашна позиција во клубот.
„Не сакам сега да зборувам за враќање во Реал бидејќи имаат тренер и тој не е било кој. Моето враќање ќе се случи кога ќе дојде време за тоа“, порача „Специјалниот“.
Засега учи и германски.
„Во овој момент се забавувам работејќи на телевизија. Исто така учам германски во случај да почнам да работам таму“, истакна Жозе.
Португалецот го водеше Реал од 2010 до 2013 година и ја освои титулата шампион, шпанскиот куп и Суперкупот на Шпанија.