Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс синоќа на гала церемонија ја доби наградата „Златно момче“ 2019 година, за најдобар млад фудбалер во Европа.
Наградата традиционално ја доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“, а Португалецот имаше најголем број гласови од новинарите на најеминентните спортски медкиуми во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наградата му беше доделена на гала церемонија во Торино, а Феликс дојде заедно со неговиот агент Жорге Мендеш.
„Му ја посветувам оваа награда на моето семејство, како и на моите соиграчи од Атлетико Мадрди, како и на тие од Бенфика“, изјави Португалецот.
Феликс ја наследи наградата од Матијас де Лихт, кој минатата година беше избран за најдобар млад играч во Европа.