Дома Трансфер зона Жиру потврди дека заминува од Челзи

Жиру потврди дека заминува од Челзи

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру проговори за својата иднина и призна дека може да ја промени средината во јануари.

Жиру оваа сезона  не добива голема минутажа кај Лампард, па во потрага по поголема минутажа ќе го напушти клубот во јануари, а би можел да се врати во Франција.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Најсилен интерес за францускиот напаѓач во моментов покажуваат милански Интер и Лион.

„Тешко дека ќе останам во Челзи. Сакам да разговарам со тренерот, ми недостасуваат минути поминати на терен. Пред отварањето на трансферниот прозорец ќе има неколку натпревари на кои можам да играм, а после тоа ќе видиме што ќе се случи“.

„Кога ќе се отвори трансфер прозорецот ќе седнам на преговарачка маса и ќе донесам најдобра одлука за мене. Враќањето во француската лига е една од можностите“, изјави Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…