Дома Фудбал Англија Жиру: Не се бришат лесно петте години со Арсенал, посакував титула…

Жиру: Не се бришат лесно петте години со Арсенал, посакував титула…

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру истакна дека му е жал што во изминатите пет сезони не успеал да дојде до титула со Арсенал, но дека се уште има доволно време тоа да го направи со „Плавите“.

Секако, тоа нема да се случи во оваа сезона која потполно минува во знакот на Манчестер Сити.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знам дали тоа можеме да го наречеме жалење, но имам мало чувстви дека работата остана недвршена, бидејќи навистина сакав да освојам титула со Арсенал. Не можете така да избришете пет години. Титулата беше моја крајна цел, но се уште не е готово, се уште сум во Премиер лигата. За оваа година мислам дека приказната за титулата е готова, но следната сезона ќе влеземе со големи амбиции. Уште имам желба да го освојам шампионскиот трофеј пред да ја завршам кариерата“, истакна Жиру.

Францускиот напаѓач го облече дресот на „Топчиите“ летото . година, кога Арсенал плати 12.400.000 обештета на Монпеље. Оваа зима Челзи го плати 17 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…