Дома Фудбал Италија Жиру: Мотивирани сме, ја имаме судбината во наши раце

Жиру: Мотивирани сме, ја имаме судбината во наши раце

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру верува дека „росонерите“ имаат се што е потребно за да ја освојат титулата оваа сезона.

После поразот на Интер во Болоња се зголеми ентузијазмот кај „росонерите“, кои се лидери на табелата и ја имаат судбината во свои раце.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мислам дека имаме се што е потребно за да го освоиме Скудетото и нема потреба да го криеме тоа. Сконцентрирани сме на следниот меч со Фиорентина. Интер загуби во Болоња и сега ја држиме судбината во свои раце“.

„Тоа ни донесе поголем ентузијазам и мотивација. Убедени сме дека можеме да ги победиме сите натпревари до крајот. Треба да се сконцентрираме на себе си и на нашиот фудбал“, изјави 35-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го прави најголемото изненадување во трансфер периодот

Манчестер Јунајтед интензивно бара ново решение за голманската позиција, бидејќи Анре Онан…