Дома Фудбал Италија Жиру вчера Пиоли го потсетил на Тоти

Жиру вчера Пиоли го потсетил на Тоти

Важеше Милан за фаворит во вчерашниот натпревар против Специја, но „росонерите“ се изнамачија за да дојдат до победата.

Резултатот на семафорот стоеше 1:1 се до последните моменти од средбата кога победничкиот гол за Милан го постигна францускиот напаѓач Оливие Жиру. Додавањето од Тонали, Жиру го искористи на маестрален начин и ја затресе мрежата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Интересен беше коментарот на Пиоли за овој гол на Жиру, стратегот на Милан истакна дека голот на Французинот го потсетил на Франческо Тоти.

„Тонали испрати навистина добра топак, но голот на Оли беше уште подобар и поубав. Неговиот гол ме потсети на Тоти против мојот Лацио. Се сеќавам дека тогаш водевме со 2:0 и натпреварот заврши 2:2. Кога Жиру ја погоди мрежата ме потсети на голот на Тоти за 2:2“, изјави Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Керик по киксот со Борнмут испрати „наредба“ до управата – сака фудбалер од Бундеслигата

Многу нешта се случуваат во Манчестер Јунајтед, а сето тоа требаше да се заокружи со побед…