Дома Фудбал Репрезентации Женската репрезентација на Македонија до 17 години подобра и од Косово

Женската репрезентација на Македонија до 17 години подобра и од Косово

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа уште една многу значајна победа во рамките на квалификацискиот турнир што се одржува во Драч, Албанија.

Во второто коло на квалификацискиот турнир, Македонија славеше минимална победа против Косово со 2:1.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Избраничките на Катерина Милеска имаа негатива од еден погодок, но успеаа да направат комплетен пресврт и да остварат победа, со која се искачивме на првото место во групата.

Во првото коло ја совладавме селекцијата на Албанија, домаќинот на овој турнир со убедливи 5:2.

Селекцијата на Косово одлично го започната натпреварот. Паци рано уште во 7. минута донесе предност за својот тим. Митковска најпрво во 35. минута погоди за израмнување на резултатот, а во 45 стрелаше за предност и победа на Македонија со 2:1.

На 24. октомври во последното коло играме против репрезентацијата на Молдавија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Драма во болница: Легендарниот тренер доживеа два срцеви напада

Фудбалскиот свет е потресен од загрижувачките вести од Романија. Легендарниот тренер Мирча…