Дома Фудбал Англија Ждрепката во ФА Купот наклонета за фаворитите, само во еден меч ќе се пресметаат Премиерлигашите (ФОТО)

Ждрепката во ФА Купот наклонета за фаворитите, само во еден меч ќе се пресметаат Премиерлигашите (ФОТО)

Денес беше објавена ждрепката за осминафиналните средби во рамки на најстарото натпреварување на светот – ФА Купот.

Поголемиот дел од натпреварите од четвртата рунда се комплетирани, остануваат само реванш натпреварите, поради нерешениот исход во првиот меч и тоа помеѓу екипите на Нотс Каунти и Свонси, Хадершфилд и Бирмингем, Милво и Рокдеј, како и Њупорт и Тотенхем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Паровите во петтата фаза сега се извлечени, а најинтересно ќе биде на мечот помеѓу ВБА и Саутемптон, кои во претходната фаза исто така ги одмерија силите со екипи од Премиер лигата.

ВБА го изненади Ливерпул, додека Саутемптон со гол во четвртата минута од мечот го реши дуелот со Вотфорд.

Челзи на „Стемфорд Бриџ“ ќе ја пречекаат екипата на Хал, Јунајтед го чека подобриот од мечот помеѓу Хадешфилд и Бирмингем, па и тука постои можност да се сретнат два тима од ПЛ, додека Манчестер Сити ќе гостува кај Виган.

Сите двојки погледнете ги во продолжение

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…