Дома Фудбал Останато „Жал ми е, навивам за Ливерпул, но Премиер лигата мора да се поништи“

„Жал ми е, навивам за Ливерпул, но Премиер лигата мора да се поништи“

Се уште не се знае дали англиската Премиер лигата ќе продолжи и ако тоа се случи на кој начин.

Многумина сметаат дека првенството мора да се заврши па дури и сите натпревари да се играат во Лондон, но има и такви кои веруваат најдобро е сезоната да се поништи.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Премиер лигата не може да се заврши како што треба, лигата мора да биде поништена“, изјави новинарката Сем Кек за „Дејли Мирор“.

„Прво и највжно, рестартирањето на лигата мора да биде сигурно. Ја делам загриженоста со оние кои мислат дека навивачите ќе се собираат пред стадионите бидејќи ќе се игра пред празни трибини. Поради тоа играњето на неутрален терен е најдобра опција. Проблем после сигурноста е праведноста која ја бара спортот. Ако сезоната трае 40 недели тогаш не може да се менуваат правилата сред сезоната затоа што не е чесно кон некои клубови. Ќе ви објаснам со еден пример: Брајтон кој во следните четири натпревари ги дочекува Арсенал, Јунајтед, Ливерпул и Сити и сите знаеме дека е подобро кога имаш поддршка од навивачите. Нема да биде фер кон нив затоа што нивните ривали против тие клубови веќе играа пред своите навивачи“.

„Одложување на сезоната се додека опасноста не помине не е опција бидејќи тоа би ја убило фудбалската економија. Фудбалот е глобален спорт. Сезоната поради европските натпреварувања мора да биде завршена до август. Нема друг начин освен да се поништи, навивам за Ливерпул тоа сигурно ќе ме боли, но пред титулата треба да мислиме на безбедноста на нашата земја и долгорочното опстанување на некои клубвои“, смета Кек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…