Дома Фудбал Останато Ех, тој ден да не врнеше во Манчестер…

Ех, тој ден да не врнеше во Манчестер…

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Куинтон Фортун наведе бизарна причина поради која Роналдињо одбил да премине на „Олд Трафорд“.

Бразилецот кој со години ја воодушевуваше фудбалската јавност со настапите во Барселона можеше да заврши во Манчестер, но тој трансфер никогаш не се случи. Да звучи уште поневеројатно, времето е причината поради која Бразилецот ги одбил „црвените ѓаволи“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Кога Роналдињо доаѓаше на преговори, времето беше очајно. Иако беше лето, врнеше дожд и беше тмурно. Манчестер сам по себе не е премногу убав град и на Роналдињо сета таа атмосфера не му се допадна. Да го доведа ден порано или подоцна мислам дека се ќе беше поинаку“, изјави Фортун.

Славниот Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, потоа настапуваше за ПСЖ, Барса, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Куертаро, Фламиненсе… Во дресот на Бразил три настапи му недостасуваа да стигне до бројката од 100, а успеа да постигне 33 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Верeницата на Конор Мегрегор го подржа Ирецот и ја нападна жената која го обвинува

Вереницата на Конор Мекгрегор, Деј Девлин ја нападна „жртвата“ во граѓанскиот случај за си…