Дома Фудбал Репрезентации Еуфорија во Србија – Човекот кој им ја донесе светската титула прв кандидат за селектор!

Еуфорија во Србија – Човекот кој им ја донесе светската титула прв кандидат за селектор!

Фудбалската јавност во Србија е во транс, но колку е реално?

Вељко Пауновиќ, човекот кој со репрезентацијата на Србија до 21 година стигна до освојување на Светското првенство е прв кандидат за селектор на „А“ селекцијата, пренесува новинарот Небојша Петровиќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пауновиќ ја заврши сезоната во МЛС лигата со Чикаго и успеа со овој тим да се пласира во плеј-офот, а колку добро ја одработи сезоната покажува и фактот што се најде во најтесниот избор за кандидат на тренер на годината во САД.

Овој човек во 2015 година ја предводеше младинската селекција на Србија до златен медал на Светското првенство во Нов Зеланд и од тогаш неколку пати се поврзуваше со „А“ селекцијата.

Пред да замине во Чикаго Пауновиќ фигурираше како прв кандидат за селектор, но тогаш тој ја одби понудата и одлучи да се посвети на клупскиот фудбал надвор од Србија.

Сега работите се поинакви и во Србија веруваат дека тој би можел да ја прифати понудата да ја предводи нивната селекција на Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Лига на шампиони 2025/26 – Се она што сакате да знаете, а нема кого да прашате

Зад нас е неверојатно лето и покрај фактот што немавме некое големо спортско натпреварувањ…