Десниот бек, Павле Петровиќ кој веќе трета сезона го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната 2023/24 ќе настапува за Еурофарм Пелистер.
23-годишниот интернационалец од Босна и Херцеговина се наметна со своите игри и како дел од процесот за развој од следната сезона ќе настапува за Еурофарм Пелистер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тука сум веќе некое време и задоволен сум и од градот и од луѓето, исто така и од управата на клубот. Задоволен сум како се работи. Што се однесува до новиот договор со Еурофарм Пелистер, ова е нов предизвик во мојата кариера. Мене ми преостанува да дадам сè од себе, да се покажам во најдобро светло, да работам на себе и се надевам резултатите ќе бидат видливи.
Имав неколку шанси да заиграм за Еурофарм Пелистер, но не завршија добро за мене. Но, сега е нова прилика и се надевам дека ќе се изборам за место во тимот“, изјави Петровиќ.
Интересно е што на промоцијата тој позираше во дуксер од Пари Сен Жермен.