Трикратниот европски шампион Шпанија игра против Шведска во вечерниот термин од 21:00 часот во понеделник. Домаќинот секако е фаворит, особено што ќе игра на домашен терен на Естадио де ла Кортуја во Севиља, но Шведкс аима талентирана генерација и веќе покажа дека знае да победува и против најдобрите.
Шпанија лицитира за освојување на четвртото Европско првенство, што би ја направило најуспешна репрезентација во историјата на ова натпреварување, додека Шведска ќе се обиде да ја мине групната фаза за прв пат по ЕУРО 2004, кога стигна до четврт-финалето.
Луис Енрике со промена на генерации и со големи проблеми
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Подготовките на Шпанија за Европското првенство ова лето беа далеку од идеални, откако капитенот Серхио Бускетс, а потоа и дефанзивецот Диего Љoренте беа позитивни на коронавирус. Во одреден момент постоеше опасност за сите во репрезентацијата и опцијата беше Шпанија да настапи со младинската репрезентација. За среќа, немаше повеќе позитивни резултати на Ковид. Но тоа е само уште еден проблем за Шпанија, откако Луис Енрике се реши да направи многу неочекувани играчки промени во селекцијата.
Долгогодишниот главен столб на одбраната уште од 2006 година, 35-годишниот ветеран Рамос е заменет со Ајмерик Лапорте, кој неодамна ја смени одлуката и наместо за Франција, се реши да игра за Шпанија.
Но Рамос не е единственото големо име што не се најде на списокот за ЕУРО 2020. Кепа, Серхи Роберто, Серхио Реџајлон, Хектор Белерин, Хесус Навас и Дани Карвахал не се најдоа на списокот и тоа кога се работи само за дефанзивата. И Ансу Фати е изоставен поради повреда. Исто така, во составот ги нема ниту Дани Себалос и Родриго Морено. Ниту овој пат нема ниту еден играч на Реал Мадрид, па јасно е дека ќе биде навистина интересно да се види како еден ваков неочекуван тим на Шпанија под водство на Луис Енрике ќе делува на ЕУРО 2020.
Минатите години беа тешки за Шпанија
Избраниците на Луис Енрике ремизираа 0:0 со Португалија на нивниот прв натпревар пред турнирот на 4-ти јуни, но беа принудени да играат со играчите под 21 година за дуелот со Литванија на 8-ми јуни, а првиот тим беше изолиран поради позитивните тестови за Ковид.
За Шпанија минатите неколку години беа тешки, испаднаа од СП 2014 во групната фаза, пред само да се пласира во осминафиналето на ЕУРО 2016 и СП 2018. Сепак и покрај сите проблеми, Шпанија си е Шпанија и никако не смее да биде отпишана од трката по титулата. Има Луис Енрика и покрај проблемите одлични фудбалери. Како и секогаш целата игра на Шпанија се темели на средината. Од секогаш Шпанија имала јака средина, од генерација во генерација и таков е случајот и сега. На секој меч ќе ја контролигаат играта и ќе го имаат поседот на топката на своја страна. Имаат играчи кои знаат да ја задржат топката, знаат да ја измешаат противничката одбрана и знаат да проиграат во вистинско време. Тешко дека некоја друга селекција може да им парира на таквиот начин на игра.
И швеѓаните имаат проблеми
Шведска од секогаш знаела да изненади, а кога станува збор за пласманите во последните Европски првенства, мора да се спомене полуфиналето во 1992 година и четвртфиналето во 2004 година.
Швеѓаните беа присутни на секој од последните шест турнири, но тие беа елиминирани во групната фаза во три последователни натпреварувања и ќе бидат решени да одат понатаму оваа година.
Групата Е е тешка, со Полска и Словачка кои им се придружуваат на овие две селекции во групата, а Шведска ќе биде претпазлива на овој прв меч. Ќе бидат задоволни и со реми и ќе ја бараат својата шанса со Полска и особено со Словачка. Но тоа не значи дека Шведска нема да се обиде да победи. Имаат одлични играчи, без разлика што ќе играат без Колушевски и Сванберд кои исто како и кај шпанците, добија позитивни резултати на Ковид. Тоа секако е удар за нив, но не би требало да е преголема пречка за нивните амбиции.
Ако се активира шведската конта, тогаш се е можно
Шведска доаѓа на ЕУРО 2020 полна со самодоверба, бидејќи победи на секој од последните пет натпревари, вклучувајќи ги и победите против Финска и Ерменија на 29-ти мај и 5-ти јуни, во припремите за овој турнир.
Селекторот Јане Андерсон рече дека соочувањето со Шпанија е се уште „еден од најтешките предизвици во светот на фудбалот“, но „сино-жолтите“ сигурно имаат играчи способни да го направат натпреварот во понеделник, крајно интересен и неизвесен. Ако Андерсон може да избалансира подобра игра, а има играчи за нешто такво, тогаш тој може да искористи огромна количина потенцијал. Охрабрувачката втора сезона на Александар Исак со Реал Сосиедад, нуди огромна причина за оптимизам, а во офанзивата тие ги имаат Форсберг, Кваисон … Повторно ќе може да се активира шведската контра, бидејќи во офанзивата има брзина, но и талент и искуство кое е повеќе од потребно.
Прогноза
Шпанија е фаворит, игра дома има поголеми амбиции, искуство … Добро искуство како репрезентација да, но како играчи и не баш. Сепак Луис Енрике има една доста млада генерација која допрва треба да се докажува на големите турнири. Тоа е шансата за Шведска. Би требало швеѓаните да бидат повлечени, да чекаат контра-напади и јасно е дека ќе им ја препуштат средината на шпанците. Мислам дека покрај единица, може да се очекува и барем еден гол на Шведска на овој меч.