Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Белгија – Португалија, големо дерби во осминафиналето

ЕУРО анализа: Белгија – Португалија, големо дерби во осминафиналето

Во вечерниот термин од 21:00 часот во недела се игра едно од двете големи дербија од осминафиналната фаза на ЕУРО 2020, Белгија – Португалија. Двете селекции имаат исти амбиции – трофеј – но само една од нив ќе го продолжи својот пат на овој шампионат, а другиот ќе се врати дома како големо разочарување. Мечот ќе се одигра во Севиља, Шпанија.

Можеби последна шанса за златната генерација на Белгија

Со многу клучни играчи или пак ако сакате повеќе со многу ѕвезди во доцните 20-ти или раните 30-ти години, на годинашното Европско и Светското првенство следната година се гледа како на последната шанса за нај талентирана генерација на Белгија во историјата да освои голем трофеј.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Без сомнение Белгија го има еден од најдобрите состави на првенството и затоа оправдани се очекувањата во белгиската фудбалска јавност – титула. Ова Европско е последно за многумина, а од оваа генерација и до сега се очекуваше барем една титула од некое големо натпреварување. Се освен финале ќе биде големо разочарување за сите во Белгија. Како да биде поинаку кога во тимот се еден Лукако, Хазард, Де Брујн, Витсел, Мертенс, Караско … и уште многумина. Некои од нив воопшто не добија шанса воп групната фаза, а тие секогаш би играле во првата екипа за било која друга селекција. Тоа значи дека Мартинез има еден неверојатно шиток ростер на фудбалери кој дефинитивно е спремен да дојде до толку посакуваното злато.

Мартинез вели дека се оди според планот

Групата ја поминаа без многу мака. Се најдоа во една од групите кои се неатрактивни. Постигнаа седум гола, а примија само еден и се чини дека воопшто не се заморија. По стартната победа во Русија со 3:0, следеа победи со Данска со 2:1 и со Финска со 2:0. Но токму таа победа над Данска беше горка. Белгија беше надиграна од данците и тој меч отвори многу прашања за оваа екипа.

Сепак, Мартинез смируваше после тој меч. Тој уште пред шампионатот најави дека ќе треба да го диктира темпото на Белгија низ натпреварите на специфичен начин и кулминацијата ќе ја достигне во елиминациската фаза. Мартинез вели дека се оди според планот барем досега. Доколку го стори тоа, Белгија може да ја елиминира Португалија.

Португалија е посилна од 2016 кога го крена трофејот

Второ Европско првенство по ред, Португалија од третата позиција во групата минува во осминафиналната фаза. Но тоа на минатиот шампионат на крајот се претвори во титула, па сега сите сакаат реприза од ЕУРО 2016.

Европа треба да се пази од Португалија – актуелниот шампион има значително посилен состав отколку што имаше при подигнувањето на трофејот во 2016 година. Иако Сантос е традиционален и конзервативен тренер и секогаш до сега знаел да отпише некое големо име од својот состав, тоа не се случи сега. Покажа знаци на олабавување па евентуален неуспех да се максимизира нападот на Кристијано Роналдо, Жоао Феликс, Диого Јота, Бернардо Силва и Бруно Фернандес би се окарактизирало како злосторство против фудбалот.

Како што Сантос знае добро, сепак, големите имиња не освојуваат големи турнири, а по жрепката тој изјави дека ќе биде потешко да се мине групата во која уште се Германија, Франција и Португалија, отколку да се освои ЕУРО 2020. Тие ја поминаа групата, па сега според Сантос доаѓа полесниот дел.

Ова ЕУРО е последно за Роналдо и Пепе, а тие двајцата беа најдобри во групната фаза, каде славеа над Унгарија, загубија од Германија и одиграа нерешено со Франција. Сега повторно од двајцата ветерани се очекува највеќе и на овој дуел против Белгија.

Прогноза

Тежок е овој меч од обложувачки аспект. Двете репрезентации можат до победа, двете селекции имаат исти амбиции и неверојатен квалитет, со кои заслужуваат многу повеќе од осминафинална рунда. Ќе одлучуваат мали нијанси, можеби некој моментум или блесок на некоја ѕвезда, па очекувам еден крајно неизвесен натпревар. Сликата на теренот би требало да ја диктира Белгија, додека Сантос веројатно ќе постави нешто попретпазлива игра. Но тоа не мора да значи ништо на натпревари како овој. Веројатно теренот во Севиља повеќе ќе и одговара на Португалија, но тешко дека ќе биде некоја предност за нив. Во секој случај, мала предност и давам на Белгија.

ТИП: Белгија – Португалија – 1Х @ 1.40 во Bet365

Белгија – Португалија – ППХ @ 1.79 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Белингем призна: Ливерпул е најдобриот тим во Европа, но ние сме разочарани!

Џуд Белингем го пофали Ливерпул како „најдобриот тим во Европа“ откако на „Црвените“ успеа…