Дома Топ вести „ЕСПН“: Херојот на Ајакс од вчерашниот натпревар е нов играч на Барселона!

„ЕСПН“: Херојот на Ајакс од вчерашниот натпревар е нов играч на Барселона!

Капитенот на Ајакс, Матијас Де Лихт (19) се наоѓа пред голем трансфер.

Според тврдењата на „ЕСПН“ 19 годишниот дефанзивец од нарендата сезона ќе го носи дресот на Барселона која ја избрал за негов нов клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот стопер важи за еден од најдобрите фудбалери во светот. За неговите услуги беа заинтересирани најголемите европски клубови, а според се тој ја избрал Барселона за негова наредна дестинација.

Де Лихт наводно ја избрал Барселона пред Баерн со кој исто така бил во преговори, а каталонскиот гигант на Ајакс ќе му плати 75 милиони евра.

Тоа би бил втор трансфер од Ајакс во Барселона оваа година. Уште во јануари тимот од „Камп Ноу“ го обезбеди потписот на соиграчот на Де Лихт, Френки Де Јонг кој исто така е платен 75 милиони евра (плус 11 како бонуси).

Договорот веројатно ќе биде финализиран многу брзо. Де Лихт така ќе ја засили одбраната на Барселона и ова е навистина одлична зделка за каталонскиот гигант, бидејќи во своите редови доведува двајца супер талентирани фудбалери на кои им се предвидува голема кариера.

Реномираниот медиум пренесува дека како и Де Јонг, Де Лихт ќе потпише договор на пет години според кој ќе остане на „Ноу Камп“ до 2024 година.

Вчера Де Лихт одигра супер натпревар против Јувентус во кој успеа и да постигне гол со кој на Ајакс му донесе полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…