Ернесто Валверде останува тренер на Барселона и следната сезона.
Тоа за ЕСПН го потврди првиот човек на клубот, Бартомеу, кој очигледно е голем фан на 55-годишниот стручњак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Валверде оваа сезона имаше шанса да освои три трофеи. На крајот во ветрините заврши само трофејот од Ла Лига, откако претходно на неверојатен начин испаднаа во полуфиналето во ЛШ од Ливерпул, а пред неколку дена го загубија финалето во Кралскиот куп од Валенсија.
Многумина во Барселона посакуваа негов отказ. Меѓу нив беа и голем број членови на раководството, но не и првиот човек Бартомеу.
Тој за ЕСПН само кратко потврди дека Валверде останува на клупата на каталонскиот великан и дека клубот не бара негова замена.
Па така, овој тренер и следната сезона ќе го гледаме на клупата на тимот од Камп Ноу, каде пристигна летото 2017. година.
Во досегашната кариера во Барса, Валверде двапати ја освои Ла Лига, еднаш Кралскиот куп и еднаш Суперкупот.