Дома Трансфер зона Ериксен проговори за „пропаднатиот“ трансфер

Ериксен проговори за „пропаднатиот“ трансфер

Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен пред почетокот на преодниот рок јавно изјави дека е спремен да си замине, но на крајот остана во клубот од Лондон.

Во текот на целиот преоден рок се шпекулираше за негов трансфер во Реал Мадрид, а сега и самиот Ериксен проговори на таа тема.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Не, не беше грешка што јавно изразив желба да си заминам. Би сакал трансферите да се реализираа лесно како на „Фудбал Менаџер“, но за жал не е така. Јас не ги слушам многу шпекулациите и тоа што се пишува“.

„Јасно е дека оваа година шпекулациите беа многу повеќе бидејќи имам само уште една година од дговорот. Многу се зборуваше за мене, медиумите дури пишуваа дека барам куќа во Мадрид. Да бидам искрен, сето тоа воопшто не делува на мене“, изјави Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…