Oдносот помеѓу Кристијан Ериксен и Антонио Конте е далеку од добар.
Данецот против Парма во ремито 2:2 имаше уште еден тенок перформанс, па изгледаше како играч кој само што дошол во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антонио Конте нема некои претерано големи симпатии кон Данецот и тоа веќе го покажа во досегашниот дел од сезоната.
Дека нешто не е како што треба покажува и изјавата на Ериксен од пред некој ден.
„Зошто играм малку? Прашајте го Конте. Јавете му се и прашајте го“, изјави Данецот.
Токму затоа постојат најави дека Данецот може да ги спакува куферите уште во јануари. Дојде да направи разлика, а се мачи тоа да го покаже на теренот. Не е задоволен со минутажата и улогата затоа се пишува за негово заминување уште на почетокот на 2021 година.
Целата ситуација со Ериксен ја следи ПСЖ кој наводно е заинтересиран. Ќе потсетиме тимот од Париз веќе го доведе Мауро Икарди од Интер, па сличен случај може да биде и со Ериксен.