Кристиан Ериксен имаше големи проблеми на почетокот на сезоната, но истакна дека е спремен да се бори за своето место.
Иако во јануари имаше многу шпекулации дека сака да си замине, но Ериксен негира дека сакал да си замине.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Ова е најтешка сезона во мојата кариера. Беше во стилот топло-ладно, но сега имам чуство дека се прилагодив. Не сакав да побегнам од Интер, само сакав да се борам за своето место. Тоа секогаш го правев. Бев сигурен дека ако добијам шанса ќе го искористам“, изјави Ериксен.
Ериксен истакна дека во прилагодувањето во Серија А многу му помогнал неговиот сонародник Кјаер, иако игра во градскиот ривал.