Дома Фудбал Италија Ериксен поминува низ пекол: Живеам во камп…

Ериксен поминува низ пекол: Живеам во камп…

Кристиан Ериксен раскажува за кошмарот кој го преживува во Милано поради пандемијата на коронавирус.

Данецот живее во тренинг кампот на Интер, трча во подземна паркинг гаража, а кога излегол да оди до супермаркет, за малку ќе бил уапсен.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Ериксен во јануари пристигна од Тотенхем како големо засилување за 20 милиони евра, но набрзо Италија беше погодена од пандемијата, па беше затворен хотелот каде престојуваше Данецот.

„Едно време мислев да им се јавам на Ромелу Лукаку и Ешли Јанг, но тие имаат семејства за кои треба да се грижат, и да спиете 14 дена на каучот на пријателот, тоа е премногу. Затоа завршив во тренинг кампот, заедно со еден кувар и пет членови од персоналот, кои решија да одат во карантин за да ги заштитат семејствата“, раскажува Ериксен.

„Го следам тренинг планот и диетата што ни ја испратија од клубот, но се снаоѓаш како умееше. Трчам во подземна паркинг гаража, пресметав дека имам 35 метри во еден правец, потоа се вртам и трчам 35 метри назад. Не сум допрел топка седум недели. Никогаш претходно не сум бил толку долго без фудбал, навистина ми недостасува фудбалот“.

Данскиот фудбалер потоа откри и една интересна случка во супермаркет, кога едвај се разбрал со полицијата.

„Полицијата ме запре и на слаб италијански морав да им објаснам што правам, каде одам и зошто излегов од куќата“, изајви Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Го постигна еден од најлудите голови во Серија А, а сега објави пензија 🎥

Французинот Жереми Менез објави дека заминува во пензија на 37-годишна возраст. Сезонава М…