Македонија и Шпанија како првопласирани во своите групи имаа најмногу денови за одмор, вкупно три дена. Двете селекции се целосно насочени и посветени кон меѓусебниот дуел. Најавите од двата табори се дека се оди на победа, а нас ќе ни остане да уживаме во мајсториите на двете селекции.
На Шпанија и фали злато од ЕП
ЕХФ ЕУРО 2018 во Хрватска е можност и предизвик за Шпанците кој имаат силна желба да се вратат во бробата за медали. Да се вратат откако „исчезнаа“ на Олимписките игри во 2016 и неочекувано беа елиминирани во четврт финалето на Светското првенство во 2017 година. Шпанија се краси со две титули како светски шампиони, кој ги освои во 2005 и 2013 година, како и бројни медали на големи настани. Сепак тие никогаш немаат освоено европско или олимписко првенство. Токму затоа сега се поставува прашањето, Дали Шпанија ќе го скрши мразот : Ние велиме, има реални шанси за такво нешто, пишува Кладење.мк.
Главна цел – Олимпијадата во 2020
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот е сега под раководство на Жорди Рибера, откако во септември 2016 година ја превзеде улогата на главен тренер. Тој со сите сили се обидува да го подмлади тимот, а главната цел е златото на Олимијадата во 2020 година. Ова Европско Првенство, на некој начин е појдовна точка кон остварување на целта. Шпанија има одлична генерација на млади ракометари предводена од Душебаев. Кога на него ќе се додадат имињата на: Ентериос, Ривера, Сармиенто, Фигуерас … тогаш јасно е дека Шпанија е еден од фаворитите во Хрватска.
Нешто не штима во шпанската репрезентација
Во првата групна фаза се одеше според планот по победите над Чешка и Унгарија, ново последното коло дојде пораз од Данска. И покрај одличниот состав се гледа дека нешто фали во овој тим. Поединечно ракометарите се неверојатни, но во целина на теренот не изгледаат така. Можеби причина е селекторот, иако тоа е малку веројатно. Можеби има некои работи кои се кријат од очите на јавноста. Но јасно е дека екипа како оваа, мора да игра поубедливо. Селекторот на Шпанија најави дека првата фаза служи за темпирање на формата, но ние велиме дека тоа е само алиби, а дали сме во право ќе видиме веќе на мечот со Македонија.
Македонија е изненадување за сите, но не и за нас
Македонија е едно од најголемите изненадувања на Европското Првенство. Очекувањата беа борба со Црна Гора за третото место, но Македонија заврши прва во својата група. Освен тоа ….
ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИОТ ПОРТАЛ КЛАДЕЊЕ.мк