Одлуката на Маурицио Сари да не го пријави Емре Чан во Лигата на шампиони изненади многумина, а тоа најверојатно ќе значи и заминување на Германецот во јануарскиот преоден рок.
Емре Чан бурно реагираше на таквата одлука, но јасно е дека Сари не смета на него и дека тој нема повеќе иднина во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, спас би можел да стигне од Мадрид, бидејќи Атлетико е силно заинтересиран и сака да го доведе уште во јануари, пренесуваат шпанските медиуми.
Симеоне сака да донесе засилување за средниот ред, а во Германецот гледа идеална замена за Родри, кој ова лето се пресели во Манчестер Сити.
Интерес за Емре Чан покажува и Пари Сент Жермен, а Јувентус е спремен да го пушти доколку пристигне примамлива понуда.