Дома Трансфер зона Емре Чан призна: Го одбив Манчестер Јунајтед

Емре Чан призна: Го одбив Манчестер Јунајтед

Германскиот репрезентативец Емре Чан во јануари го напушти Јувентус и се пресели во Борусија Дортмунд, иако долго време се шпекулираше дека ќе го засили Манчестер Јунајтед.

26-годишниот играч за врска призна дека имал понуда од Манчестер Јунајтед, но ја одбил поради неговото минато во Ливерпул.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Имав понуди од три клуба од Премиер лигата, меѓу нив беше и Манчестер Јунајтед. Сепак ги одбив, поради моето минато во Ливерпул. Борусија секогаш сум ја сакал, сакав да дојдам тука. Борусија е совршена за мене исто како што сум јас совршен за Борусија“, изјави Чан.

Емре Чан го носеше дресот на Ливерпул во периодот од 2014 до 2018 година, претходно играше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен каде ја започна професионалната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…