Баерн Минхен на „Алијанц Арената“ го игра натпреварот од последното коло во Бундес лигата против Ајнтрахт Франкфурт.
Баварците до водство стигнаа уште во четвртата минута кога Кингсли Коман погоди за 1:0, а со тој резултат се замина на полувреме иако Баерн можеше да има многу поголема предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Баерн во овој натпревар му е потребен само бод за да ја освои титулата.
Пред самиот почеток на натпреварот Баерн Минхен прости од своите три одлични играчим Франк Рибери, Арјен Робен и Рафиња, тие ја играат последната сезона во дресот на Баерн.
Играчите добија посебни подароци и слики со трофеите кои ги освојуваа, а навивачите со посебни транспаренти се простија од своите миленици.