Дома Фудбал Останато Емотивно обраќање на турскиот голман по замјотресот: Ве молам помагајте, тука луѓе yмираат! 🎥

Емотивно обраќање на турскиот голман по замјотресот: Ве молам помагајте, тука луѓе yмираат! 🎥

Легендарниот поранешен голман на Фенербахче и турската репрезентација, а денес тренер на Хатајаспор, Волкан Демирал се огласи прек Инстаграм и побара помош за граѓаните погодени од силните земјотреси на југот на Турција и северот на Сирија.

Демирал во моментот на земјотресот бил во Хатаја, град на самиот југ на Турција и граница со Сирија каде што епицентарот бил најблиску.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Веќе се бројат стотина лица кои ги загубија животите, а материјалната штета е огромна.

„Сите се очајни, тука. Ве молам ситуацијата е многу лоша. Потребна е помош, Боже помогни. Помош! Испратете се што можете. Не е само Хатај и Антакја.

Ве молам во име на Бог, тука луѓе yмираат“, зборуваше низ солзи еден од најпознатите турски фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Италија две дисциплини за последен пат гледавме на Зимските Олимписки Игри!

Објавувањето на завршетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо …