Дома Фудбал Емотивната порака на Давид Виља по враќањето во дресот на Шпанија

Емотивната порака на Давид Виља по враќањето во дресот на Шпанија

Давид Виља по три години пауза од репрезентацијата се врати во омилениот дрес, каде што вчера во натпреварот помеѓу Шпанија и Италија доби шанса за игра.

Шпанија полесно од очекуваното ја совлада Италија со 3:0, а Виља во игра влезе пред крајот на натпреварот. Виља така враќањето во националниот дрес го обележа со победа, па по натпреварот се заблагодари на сите.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Сакам да се заблагодарам на сите што ми дадоа голема доза на љубов. Тоа беше посебен ден и среќен сум поради враќањето. Тоа беше голема победа против Италија. Иско е добар дечко, работи напорно и многу сум среќен со она што се случува со него во овој момент. Никогаш не го загубив ентузијазмот за враќање во репрезентацијата и морам да се заблагодарам на оние кои веруваа во мене. Ќе продолжам да работам“, изјави Виља.

Давид Виља сега настапува за Мелбурн Сити, клуб од Австралија, како позајмен играч од Њујорк Сити. Одличните игри на Шпанецот го убедија селекторот на Шпанската репрезентација,  Хулен Лопетеги да го повика за квалификациските натпревари за СП 2018 кое ќе се одржи во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ешли Кол доби работа во Италија

Поранешниот англиски лев бек Ешли Кол е нов главен тренер на Чезена, која учествува во Сер…