Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери стои цврсто на земја после големата победа над Барса од 4:0 и ги предупреди своите игрчи дека сеуште ништо не е готово.
ПСЖ направија огромен чекор кон четвртфиналето на Лигата на шампионите, но и покрај тоа шпанскиот тренер очекува тежок реванш.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Барселона е многу силен тим на Камп Ноу. Го знам тоа одлично како човек кој доаѓа од шпанското првенство. За нив натпреварот не завршил и ние треба да играме како првата средба да завршила 0:0“, истакна Емери на пресконференцијата.
„Победата остави многу убав вкус на нашите усни, но мораме да бидеме внимателни, затоа што има уште 90 минути на „Камп Ноу“. Барселона сигурно нема да се предаде и ќе сака да возврати со полна мера. Знам дека нашите фудбалери ќе бидат исто така максимално мотивирани, а многу е важно да се обидеме да одиграме на идентичен начин“, додаде шпанскиот стратег.