Tренерот на Арсенал Унаи Емери во последните часови од преодниот рок припрема спектакл за навивачите, така барем најавува „Дејли Мирор“.
Во досегашниот дел од преодниот рок навивачите на Арсенал се радуваа на пристигнувањето на Лукас Тореира од Сампдорија (30 милиони евра), Бернд Лено од Леверкузен (25 милиони евра), Сократис од Борусија Дортмунд (16 милиони евра), Матео Гуендози од Лориент (осум милиони евра) и Стефан Лихштајнер (без оштета).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако сето ова заедно не ги воодушеви навивачите кои можеби очекуваа и некој спектакуларен трансфер, но изгледа дека би можеле да бидат дополнително израдувани во последните 24 часа.
Осман Дембеле прво се поврзуваше со Арсенал во потенцијалната размена со Рамзи, па пота се појави веста и за позајмица со право на откуп, а денес пристигнуваат и нови информации од Островот.
Како што наведува „Дејли Мирор“, Арсенал во наредните 24 часа би можел да го комплетира трансферот на Осман Дембеле од Барселона и тоа за дури 100 милиони фунти.
Да потсетиме, Французинот минатото лето пристигна од Барса во Дортмунд за сличен износ, но поради повреда и слабата форма не се наигра многу.
Останува да видиме дали на крајот навистина ваков трансфер може да биде реализиран.