Искусниот напаѓач од Того Емануел Адебајор после неколку месеци без клуб од денес официјално пронајде нов ангажман.
35 годишниот напаѓач од денес е фудбалер на парагвајската Олимпија. Овој клуб е шампион на Парагвај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, Адебајор од почетокот на 2017 година до крајот на 2019 година играше во Турција, прво за Башакешир, потоа и за Кајсери. Кајсериспор го напушти на почетокот на декември минатата година кога стана и слободен играч.
Адебајор најголемиот дел од својата кариера помина во Англија каде што настапуваше за Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем и Кристал Палас.
¡LLEGA!
— Club Olimpia (@elClubOlimpia) February 11, 2020
Llega al Campeón del Mundo ⭐ y es nuevo pasajero del Expreso Decano, @E_Adebayor ??
✔ Potencia
✔ Calidad
✔ Definición
Bienvenue Emmanuel!
¡ESTO ES #OLIMPIA! ⚪⚫⚪#SeamosLeyenda pic.twitter.com/lvFd8O2F8j