Македонскиот репрезенативец Елиф Елмас денеска за првпат ја имаше честа да биде капитен на Наполи на пријателскиот натпревар против Јуве Стабија. (3:0).




Дебитираа новите засилувања Симеоне, Распадори и Ндомбеле, а тренерот честа да го води тимот му го додели токму на Елмас.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Ова беше уникатно чувство за мене, да бидам капитен на Наполи. Им благодариме на навивачите кои дојдоа да не поддржат на овој пријателски натпревар. Новите фудбалери имаат одличен квалитет и верувам дека ќе се вклопат успешно во тимот. Сега треба да се соочиме со Фиорентина и од утре ќе работиме напорно за да се вратиме со позтивен резултат од Фиренца против силен тим“, изјави Елмас.