Дома Фудбал Италија Елмас стрелец во голеадата на Наполи, Милан рутински

Елмас стрелец во голеадата на Наполи, Милан рутински

Наполи до врв ја наполни мрежата на Џенова, Милан рутински до три бода на гостувањето кај Котроне.

Наполи фуриозно го започна натпреварот против Џенова и поведе во 10-та минута преку Лозано. Домаќините создаваа шанса и во продолжението, но на одмор се замина со минимална предност


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме видовме вистинска голеада со уште пет гола во мрежата на Џенова. Прво погоди Зијелински, па Мертенс и повторно Лозано за 4:0.

Потоа во листата на стрелци се запиша македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а конечните 6:0 ги постави Политано.

Милан рутински со 2:0 го совлада Кротоне, а стрелци на головите беа Кеси и новото засилување Брахим Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …