Дома Фудбал Италија Елмас и Наполи незапирливи, седум од седум

Елмас и Наполи незапирливи, седум од седум

Наполи продолжува со одличните игри и победи на гостувањето кај Фиорентина за пефектен старт на сезоната во првите седум кола.

Наполи со ова го израмни најдобриот старт во својата историја со седум победи во првите седум кола.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Фиорентина одлично го започна натпреварот и прва стигна до водство откако после еден корнер погоди Мартинес Кварта.

Неколку минути подоцна Осимен изнуди пенал, голманот на Фиорентина го одбрани ударот на Инсиње, но Лозано ја смести топката во голот за израмнување.

На стартот на вториот дел погоди Рахамани за 1:2, што на крајот се покажа како конечен резултат. Елмас влезе во игра во 58-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлична вест за навивачите на Реал: Напаѓачот кој блескаше летово потпиша нов договор!

Надежниот шпански фудбалер Гонзало Гарсија, кој летово оствари импресивно настап на Светск…