Дома Фудбал Елиф Елмас доби нов тренер

Елиф Елмас доби нов тренер

Фенербахче вчера запиша нов пораз. Овој пат во натпревар од ЛЕ против Трнава. ЗА турската екипа овој натпревар немаше резултатско значење, откако претходно го осигураа второто место, а денеска добија нов тренер.

Се работи за домашен стручњак Ерсун Јанал, кој овој клуб во сезоната 2013/14 го однесе до титулата првак на Турција.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Фенербахче на 28. октомври се раздели со Холанѓанецот Коку, а привремен тренер беше Ервин Коеман.

Изминатиот период овој клуб се поврзуваше со Арсен Венгер, но желбата на навивачите беше тоа да биде некој од домашните тренери и на крајот тоа им успеа.

Јанал ја водеше репрезентацијата на Турција, а договор потпиша на година ипол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…