Oткако минатото лето од Барселона го доведоа Нејмар во рекорден трансфер кој изнесуваше 222 милиони евра, управата на ПСЖ сега тргнува во „лов“ на нова ѕвезда.
Имено, реномираниот „Мундо Депортиво“ утрово пренесува ексклузива во која наведува дека францускиот шампион е спремен за Фелипе Кутињо да понуди дури 270 милиони евра!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите на овој медиум во ПСЖ имаат за цел да го држат Нејмар среќен и да направат тим во кој ќе се чуствува удобно и кој ќе може да го предводи до толку посакуваната титула шампион на Европа. Иначе, сумата од 270 милиони е скоро двојно од онаа за која Барса во јануари го доведе од редовите на Ливерпул.
Интересно е што пред Нејмар да премине во ПСЖ, Барса се обидувааше да го доведе Верати, сега го според некои информации го сака Рабиот, па би можеле да видиме слично сценарио.
Навистина вакво нешто изгледа неверојатно, но денешниот фудбал не научи дека кога е трансфер пазарот во прашање буквално се е можно. Всушност кој веруваше во приказната за Нејмар кога прв пат се појави или најновиот случај во кој Кристиано Роналдо е пред трансфер во Јувентус…