Дома Останати Едмонд го елиминира Ѓоковиќ во Мадрид

Едмонд го елиминира Ѓоковиќ во Мадрид

Новак Ѓоковиќ беше елиминиран во второто коло на Мастерсот во Мадрид од Кајл Едмонд со 2:1 (6:3, 2:6, 6:4).

Едмонд веднаш во првиот гем направи брејк кој го задржа до крајот и го освои првиот сет. Ѓоковиќ се врати во втириот сет и со два бејка лесно го освои со 6:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во одлучувачкиот трет сет Ѓоковиќ имаше три брејк топки при резултат 3:2, но не ги искористи. Потоа следуваше казна па Британецот прв направи брејк и го доби сетот со 6:4.

Со овој пораз Новак Ѓоковиќ ќе биде на 18-то место на АТП листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…