Дома Фудбал Англија Еден од најпознатите англиски судии објави крај на кариерата

Еден од најпознатите англиски судии објави крај на кариерата

Eден од најпознатите англиски судии Андре Маринер и официјално објави дека се повлекува од професионалното судење.

Маринер става крај на кариерата на 52-годишна возраст, а последен натпревар кој го судеше беше натпреварот од последното коло во Премиер лигата во кој Арсенал го победи Вулверхемптон со 5:0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ќе ми недостасуваат сите моменти на теренот, имам многу спомени на кои ќе се сеќавам со задоволство. Ја сакав скоро секоја минута помината на стадионите“, изјави Маринер по пензионирањето.

Во 23 години како судија тој делеше правда на 391 натпревар, а негов прв натпревар во најсилната англиска конкуренција беше во 2004 година помеѓу Чарлтон Атлетик и Норвич Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…