Дома Фудбал Останато Еден од најомилените играчи му кажа збогум на фудбалот

Еден од најомилените играчи му кажа збогум на фудбалот

Постојат фудбалери кои секогаш се во сенка на некои од најголемите ѕвезди на екипите и завршуваат работа која не се гледа (не постигнуваат голови и асистираат). Таков беше Хавиер Маскерано.

Каде и да играше Маскерано беше омилен кај тренерите. Легендарниот „мал шеф“ како што му беше прекарот одлучи да му каже збогум на фудбалот и тоа неколку месеци откако наполни 36 години. Последниот клуб во неговата кариера беше Естудијантес.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Денес ја завршувам својата професионална кариера. Му благодарам на овој клуб кој ми даде шанса да ја завршам кариерата во Аргентина“, изјави Маскерано.

Кариерата ја започна во Ривер Плата, а во Европа пристигна во 2006 година потпишувајќи за Вест Хем од каде што се пресели во Ливерпул, за потоа да заигра и во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дополнителна мотивација за Даниела: Мекгрегор навива за противничката на Алексовска (Фото)

Овој петок, на 4 јули, во српскиот град Бачка Паланка ќе се одржи престижниот ММА спектакл…