Дома Останати Еден гол разлика пресуден: Ракометарите на Кил со двете нозе во четвртфинале

Еден гол разлика пресуден: Ракометарите на Кил со двете нозе во четвртфинале

Ракометарите на Кил изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако вечерва како гости во реванш осминафиналето го победија Рајн Некар Ловен со 26:24 и со тоа ја анулираа предноста на противникот, кој на првиот дуел победи со 25:24.

Во вкупниот резултат е 50:49 за Кил, кој во четвртфиналето ќе игра против Барселона исто како и ланската сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Двете екипи се менуваа во водството, а во решавачките моменти ракометарите на Кил беа посмирени. Ким Екдал ди Риц од РНЛ со шест голови беше најефикасен, додека кај Кил најпрецизни беа Никола Билиќ и Марко Вујин со по пет голови.

Другите осминафинални дуели се играат во деновите од викендот: ПСЖ – Нант (26:26 прв натпревар), Веспрем – Загреб (23:22), Флензбург – Мешков Брест (26:250, Киелце – Монпеље (28:32) и ПИК Сегед – Силкеборг (26:24).

Македонскиот првак Вардар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Флензбург – Мешков Брест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тажна вест: Почина германскиот судија кој делеше правда во двете финалиња во ЛШ кога Вардар стана шампион

Светската ракометна федерација (ИХФ) ја потресе спортската јавност со веста дека почина ге…