Многу репрезтации се пожалија на лошата организација на СП од страна на Египет, а дека е така почуствува и нашата репрезентација.
Имено, за нашите ракометари утрово да одработат тренинг од 50 минути мораа да се возат вкупно четири часа! Тоа секако дополнително малтретирање и проблем за избраниците на Брестовац.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
На сето тоа проблем е и што во хотелот каде што се сметени репрезентативците не е затворен само за ракометарите туку има и други „обични“ гости, што во време на пандемија со коронавирус може да биде проблем.
Скандалозно може да се нарече и тоа што кога вчера играше домаќинот Египет на трибините имаше околу стотина гледачи иако натпреварите треба да се играат без гледачи. Ова секако не засега и нас затоа што Египет е во нашата група и со нив ќе играме во сабота.