Дома Топ вести Европските гигант се „тепаат“ за новата германска ѕвезда

Европските гигант се „тепаат“ за новата германска ѕвезда

Европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.

19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.

Баер Минхен веќе стапил во контакт со неговиот агент и ја разгледува можноста за негов трансфер на лето.

Меѓутоа, Баварците ќе имаат голема конкуренција бидејќи силен интерес за Виртц покажува Манчестер Јунајтед, кој внимателно ја следи ситуацијата.

Виртц веќе дебитираше за германската репрезентација, а „Билд“ смета дека Леверкузен нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…