Дома Фудбал Останато Европски или „лицемерен“ – Фудбалската „аристрократија“ создава ФРОНТ против ПСЖ?!

Европски или „лицемерен“ – Фудбалската „аристрократија“ создава ФРОНТ против ПСЖ?!

al kelaifi

Сумите во модерниот фудбал отидоа предалеку и тоа е јасно, во овој момент важи фактот, играчот вреди онолку колку што клубот е спремен да плати.

Целиот свет е против ПСЖ и нивниот начин на работа, но факт е дека  ја платија клазулата зза Нејмар, го позајмија Мбапе и повторно успеаа да го изиграат ФФП. УЕФА отвори истрага против ПСЖ и најави измени во финансискиот фер плеј, а многумина веруваат дека би требало и да биде укинат, а меѓу нив е и Арсен Венгер.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сепак, во позадина се создава фронт кој ќе го предводат Јувентус, Реал и Баерн кои ќе се обидат да ја ограничат финансиката моќ на Арапите, пред сите на оние од Катар, но тука е и Манчестер Сити. На кој начин сеуште не е познато, дали салари-кап е решението или има и нешто друг предлог останува да видиме.

Но, дали сите големи клубови или како што некој сакаат да ги наречар, фудбалската аристрократија се исплашени за својата доминација и дали се лицемерни кога во прашање е плаќањето на клазулите. Бидејќи тоа е специјалитет токму на оние кои се бунат, а Унаи Емери и потсети на тоа.

Да се вратиме малку наназад во времето, Барселона после продажбата на Роналдо 1997 година ја плати клазулата за Ривалдо и го доведе од Ла Коруња. Истото на Барса и го направи и Флорентино Перез кога за тогаш рекордна сума го доведе Луис Фиго во Мадрид.

Потоа следуваше и купувањето на Серхио Рамос кога беше исплатена клазулата од 27 милиони евра на Севиља. Интересно е што легендарниот дефанзивец е единствениот Шпанец кој Перез го доведе во својот мандат во Реал.

Андреа Ањели кој е претседател на Јувентус неодамна стана и прв човек на асоцијацијата на клубови која сигурно ќе ја „фрли“ ракавицата кон УЕФА, но да потсетиме Јувентус само минатото лето плати две клазула, го доведе Пјаниќ од Рома и Игуаин од Наполи.

Кога во прашање е Баерн тие пред неколку години ја платија клазула за Мартинез и го доведоа од Билбао за сума од 40 милиони евра.

Сега сите овие клубови создаваат фронт против ПСЖ, некој ќе каже дека сумите биле далеку помали, но едноставно сега времето е такво и сумите се такви какви што се.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…