Извршниот одбор на ЕХФ на денешниот состанок кој како и сите состаноци во овој период се одржа преку видео-конференција одлучи да го елиминира Вардар од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Поради ситуацијата со коронавирусот ЕХФ не најде начин како да се одиграат сите натпревари, па затоа се одлучи на Ф4 турнирот во Келн да учествуваат првите две екипи од А и Б групите, тоа се Кил, Веспрем, Барселона и Пари Сен Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така сега е јасно дека Европа ќе добие нов владател и Вардар ќе ја препушту тронот. Инаку ќе потсетиме во четвртфиналето црвено-црните требаше да играат против ПИК Сегед.
Оваа одлука исто така значи дека сезоната за Вардар е завршена.