Дома Фудбал Репрезентации Европа шокирана од она што Бугарите им го приредија на Англичаните во Софија (ФОТО)

Европа шокирана од она што Бугарите им го приредија на Англичаните во Софија (ФОТО)

Вчера вистински хаос се случуваше во Софија каде што Англија и гостуваше на Бугарија во рамките од квалификациите за ЕП.

Англија ја победи Бугарија со 0:6, но резултатот е нешто што остана во втор план на оваа средба. Натпреварот на два пати беше прекинувам поради скандалозни расистички навреди од трибините.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичаните беа навредувани и во Црна Гора, а сега натпреварот два пати го прекинуваа.

Сликите од тоа како бугарските навивачи нацистички салутираат брзо се раширија низ светот, а фудбалска Европа е згрозена од тоа колку во Бугарија се величи расизмот и нацизмот.

На крајот се случил и скандал на прес-конференцијата после натпреварот. Еден новинар го прашал Саудгејт за навредите, а потоа и му порачал дека тоа не било толку страшно за да го прекинуваат натпреварот. Селекторот Саудгејт не можел да си поверува што слуша, но успеал да остане смирен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

„Земјотрес“ во Мадрид: Винисиус Жуниор не сака повеќе да чека

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор соопшти на Реал Мадрид дека сака јасна позиција од клуб…