Ливерпул забележа минимална победа во Вотфорд, во последниот натпревар од 35.коло, во Премиер лигата.
Ливерпул победи во Воттфорд и по 35 кола има 69 бодови на третата позиција, три повеќе од Манчестер Сити и четири од Манчестер Јунајтед, кои имаат и натпревар помалку.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Победата на „црвените“ им ја донесе Емре Џан, во втората минута од судиското надополнување на времето во првото полувреме. Играчот на Ливерпул, го постигна еден од најубавите голови оваа сезона, тој со „ножички“ го совлада Еурелио Гомез.
Вотфорд имаше можност да израмни во 94.минута, но ударот на Продл заврши во гредата.